Четирце, Куманово farmacetirce@gmail.com
Следете не:
Свежи домашни јајца и традиционални македонски јадења од FarmaCetirce

Добредојдовте на нашата фарма за јајца и кујна за традиционални јадења!

Ние сме FarmaCetirce, семејна живинарска фарма и вашиот верен извор за свежи, вкусни јајца и традиционални јадења. Главната дејност ни е производство на конзумни јајца од кокошки кои слободно шетаат на отворени пасишта и се хранат со природни и здрави намирници како пченица, пченка, јачмен, сончоглед, трева, овошје и зеленчук.
Резултат? Секое јајце што доаѓа до вас е свежо, рачно одбрано и полно со вкус.

Целта на нашето постоење е задоволување на потребите на нашите потрошувачи, преку создавање на производ со врвен и постојан квалитет, секогаш достапен по поволни цени и дистрибуиран во најкраток можен рок до место по Ваш избор.

Нашата мисија е преку свежо јајце до домашно месо да створиме навика кај луѓето за што почесто купување и конзумирање на здрави производи, произведени од мали семејни успешни бизниси.

Покрај јајцата, ви нудиме традиционални јадења, приготвени со љубов и посветеност по стари рецепти. Ви го пренесуваме вкусот на традицијата, директно во вашиот дом. Сакаме заедно да создадеме успешна приказна – да ја подигнеме свеста за здрави и домашни производи.

Благодариме што сте дел од нашата приказна и ни ја доверувате задачата да ги задоволиме вашите кулинарски апетити. Вашата поддршка ни значи сè!

Нашите Продукти

Откријте го целосниот асортиман на наши домашни производи

Бело јајце
Домашно јајце
Бело јајце Кокошките во Наша Фарма се чуваат во природна селска средина заедно со група на петли, односно се чуваат како „вистинско“ семејство.
Жолто јајце
Домашно јајце
Жолто јајце Кокошките во Наша Фарма се чуваат во природна селска средина заедно со група на петли, односно се чуваат како „вистинско“ семејство.
Крем јајце
Домашно јајце
Крем јајце Кокошките во Наша Фарма се чуваат во природна селска средина заедно со група на петли, односно се чуваат како „вистинско“ семејство.
Сино јајце
Домашно јајце
Сино јајце Кокошките во Наша Фарма се чуваат во природна селска средина заедно со група на петли, односно се чуваат како „вистинско“ семејство.
Баница / Пита со сирење и јајца
Домашно сукано
Баница / Пита со сирење и јајца Традиционална сукана баница (пита) полнета со сирење и јајца. Вкусот на домашно подготвено и печено во фурма на дрва.
Баница / Пита со спанаќ и јајца
Домашно сукано
Баница / Пита со спанаќ и јајца Традиционална сукана баница (пита) полнета со спанаќ, сирење и јајца. Вкусот на домашно подготвено и печено во фурма на дрва.
Баница / Пита со спанаќ и сирење
Домашно сукано
Баница / Пита со спанаќ и сирење Традиционална сукана баница (пита) полнета со спанаќ и сирење. Вкусот на домашно подготвено и печено во фурма на дрва.
Баница / Пита со зелка
Домашно сукано
Баница / Пита со зелка Традиционална сукана баница (пита) полнета со зелка. Вкусот на домашно подготвено и печено во фурма на дрва.
Баница / Пита со праз
Домашно сукано
Баница / Пита со праз Традиционална сукана баница (пита) полнета со праз. Вкусот на домашно подготвено и печено во фурма на дрва.
Баница / Пита со месо
Домашно сукано
Баница / Пита со месо Традиционална сукана баница (пита) полнета со месо. Вкусот на домашно подготвено и печено во фурма на дрва.
Баница / Пита со сирење
Домашно сукано
Баница / Пита со сирење Традиционална сукана баница (пита) полнета со сирење. Вкусот на домашно подготвено и печено во фурма на дрва.
Баница / Пита со јајца
Домашно сукано
Баница / Пита со јајца Традиционална сукана баница (пита) полнета со јајца. Вкусот на домашно подготвено и печено во фурма на дрва.
Кифлички
Домашно приготвени
Кифлички Домашно приготвени кифлички. Нашите кифлички се направени само од млеко, масло, вода, сол , шеќер, јајца и брашно… не можеме да Ви опишеме со зборови колку се меки и вкусни
Лебче
Домашно месено
Лебче Домашно месено лебче од рацете на мама.
Еклери
Домашно
Еклери Домашни еклери направени само од нашите домашни јајца, млеко и брашно. За прелив користиме какао.
Путер од лешник
Домашен путер
Путер од лешник Путер без вештачки и природни засладувачи. Само смелени јатки од лешник.
Путер од орев
Домашен путер
Путер од орев Путер без вештачки и природни засладувачи. Само смелени јатки од орев.
Путер од бадем
Домашен путер
Путер од бадем Путер без вештачки и природни засладувачи. Само смелени јатки од бадем.
Путер од мешавина јатки
Домашен путер
Путер од мешавина јатки Путер без вештачки и природни засладувачи. Само смелени јатки од мешавина јатки.
Домашна нутела
Домашна нутела
Домашна нутела Домашна нутела со смелени јатки од лешник, какао и мед.
Домашно гравче
Домашно гравче
Домашно гравче Домашно гравче од сорта пешак, непрскано. Најпродавано за бебеиња кои воведуваат гравче во исхрана.
Домашна пиле
Домашно одгледано
Домашна пиле Здраво пилешко месо од пиле одгледано во домашни услови и хрането со житарици, сезонско овошје и зеленчук но, пред се пуштено на отворени пасишта

Посети не на нашата фарма FarmaCetirce

Што нудиме ние и зошто да не одберете нас?

Еколошки чиста и безбедна средина

Еколошки чиста и безбедна средина

Безбедноста и еколошката чистота се нешто во што ви ветуваме! Нашата фарма е дизајнирана и организирана со цел да ја минимизира околинската негативна промена.

Домашни продукти произведени со голем труд и љубов

Домашни продукти произведени со голем труд и љубов

Нашата цел е да ги пренесеме традициите и вкусовите на домашната кујна директно во вашиот дом. Секој производ има свој вкус на автентичност и топлина, збогатен со најдобрите состојки и приготвен согласно сите здравствени стандарди.

Рекреација и дегустација

Рекреација и дегустација

Дали сте спремни за еден ден исполнет со забава и вкусни изненадувања? Ние сме воодушевени да ве поканиме на нашата фарма за едно неверојатно искуство на рекреација и дегустација. Одморете се и релаксирајте се во прекрасната средина на нашата фарма.

Откријте ја магијата на вистински вкусни јадења во прекрасна природна околина

Уживајте во автентични традиции, Идеална дестинација за љубители на природата и традиционалната кујна

Нашата фарма лоцирана во Четирце, Куманово


Ова е идеалната можност за семејства, пријатели и сите кои сакаат да го искусат вкусот на автентични традиционални јадења и да се опуштат во прекрасна природна средина. Резервирајте ваши места уште денес и придружете ни се за еден ден на уживање!

За било каква информација, контактирајте не уште денес

За сите барања за информации, нарачки, резервации или други прашања, ве молиме контактирајте не преку нашата контакт форма на веб-страницата. Нашата екипа ќе ви одговори што е можно поскоро.

Задоволни Клиенти

Нашиот најголем успех е задоволството на нашите клиенти. Секогаш тие ни се на прво место, и ние сме горди што нашите производи и услуги ги задоволуваат нивните очекувања. За да видите како нашите клиенти го искусуваат нашиот производ и услуга, погледнете ги нивните сведоштва подолу.

Контактирајте Не

За сите барања за информации, нарачки, резервации или други прашања, ве молиме контактирајте не преку нашата контакт форма

Јавете ни се

+389 75 673 688

Пишете ни

farmacetirce@gmail.com

Нашата адреса

Четирце, Куманово

Следете не

Внесете го captcha кодот:

CAPTCHA Image